На 25 август 2026 година, на стадионот Петар Милошевски, на локација Брдо Тумбе Кафе Битола, Премиум Сејфти Солушн реализираше практична вежба за евакуација и противпожарна заштита.
Целта на вежбата беше проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните субјекти во услови на настанување на пожар или друга вонредна состојба.
Во рамки на вежбата беше симулирана кризна ситуација при која беше демонстриран начинот на активирање на процедурите за евакуација, известување и алармирање, насочување на присутните кон безбедни излези и собирни места, како и координација на лицата одговорни за спроведување на противпожарните мерки.